Прилепчанката Пулексенија Јованоска е првата македонска каратистка во историјата која настапи на Олимписките игри.
Каратето на овие ЛОИ првпат е олимписки спорт во натпреварувачка конкуренција, но од идните игри нема да биде тоа, па Јованоска уште долго време може да остане наша единствена претставничка во овој спорт со настап на олимписки игри.
Јованоска оствари резултати 23,8 и 24 поени (просечна оценка 23,9) и го освои деветтото место од вкупно десет каратистки кои се појавија во оваа дисциплина.
Таа по борбата им се заблагодари на сите кои беа дел од нејзиниот пат и за тоа што верувале во неа кога било најтешко.