Oператорот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Од пазарот се повлекуваат и отповикуваат:
- Сладолед KIT KAT стапче 20х90 мл
Сериски број/лот: PL1048
Рок на употреба: до 28.02.2023
Причина за отповикување: небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло: Франција
2. Сладолед Милка Ванила и Чоколадо Стапче 20х100 мл
Сериски број/лот: MI1118,MI1119
Рок на употреба: до 30.04.2023
Причина за отповикување: небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло: Полска
3. Сладолед Милка Чоколадно Стапче со лешник 20х100 мл
Сериски број/лот: MI1117
Рок на употреба: до 30.04.2023
Причина за отповикување: небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло: Полска
Увозник во РСМ: АЛМА М
Горенаведените производи, во количина од 3 080 литри и 30 064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет.
Од АХВ апелираат крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле или да ги уништат.