Вечерва концерт на унгарски танци пред Цепенков


Денеска, на 6 август 2021, петок од 20.00 ч. пред платото на ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Концерт на унгарски танци, во рамки на меѓународната соработка на Центарот.

Ќе настапат оркестарот Духај и фолклорната група Талентум.

Концертот е во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија Теледом, Амбасадата на Унгарија во земјава и Националниот Совет на Унгарците.

Оркестарот Духај е составен од талентирани музичари и е дел од меѓународниот проект Colourful Cooperation, кој се финансира од ИПА програмата.

Оркестарот негува автентична фолк музика и учествувал  на бројни концерти, фестивали и е дел од танцови продукции. На натпревари се претставува со темаски претстави. На концертот во петок ќе настапи со фолклорната група Талентум.

Проектот Colourful Cooperation е динамична соработка меѓу населението од Унгарија и Србија во пограничниот дел, преку кои се пренесува културната разновидност на еден од најинтересните региони во Европа, каде заедно живеа многу нации, чувајќи ја својата традиција и култура.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи