Мицкоски положи цвеќе пред споменикот на загинатите кај Карпалак


Денеска во Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со делегација положи свежо цвеќе на споменикот на загинатите кај Карпалак.

„Најпрво слава им на паднатите на Карпалак кои што трагично го загубија својот живот во заседа бранејќи ја Македонија, бранејќи ја слободата на Македонијa и уставниот поредок. Слава им на овие десетмина прилепчани кои што прерано го загубија својот живот, хероиски се разбира. Ова што денеска го видовме овде во Прилеп од страна на претставниците на локалната самоуправа и на владата, претставува еден исклучително лицемерен чин кон жртвата на овие луѓе, бидејќи ако навистина се сеќаваа на минатото и жртвата која што во минатото голем број Македонци ја дадоа за Македонија, тогаш во најмала рака денеска ќе се извинеа за сето тоа што го правеа и го прават овие 4 години, не само во Македонија, туку и тука во Прилеп“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека за жал, тие ја испуштија оваа шанса.

„Иако најмалку денешниот говор на претставникот на владата претставува еден вид каење за стореното изминатите 4 години, тогаш јас како човек, еве можам да кажам дека делумно им простувам за сето зло што го нанесоа во Македонија изминатите 4 години. Но, нема да им простиме ниту ние како ВМРО-ДПМНЕ, ниту граѓаните на следните избори бидејќи масовно ќе ги поразиме, а потоа се разбира нема да ја заборавиме одговорноста за стореното изминатите 4 години. Но, да се вратам на суштината, 20 години изминуваат од трагично загубените животи на нашите браќа, другари, пријатели, прилепчани, Македонци кои што борејќи се храбро го изгубија својот живот, се разбира од кукавичка заседа бидејќи тие кои што ја подметнаа таа заседа, гради во гради знаеја дека ќе бидат поразени“, рече тој.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи