Најсериозно предупредување: Планетата неконтролирано се загрева и луѓето се виновни за тоа


Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPC C) при Обединетите нации денеска издаде сериозно предупредување, во кое се наведува дека светот е близу до неконтролирано затоплување, за што недвосмислено се виновни луѓето.

Станува збор за најголемиот светски извештај за климатски промени, кој ја претставува суровата реалност за ситуацијата на планетата, наведува BBC.

„Нема сомнение дека влијанието на луѓето ја загреа атмосферата, океанот и копното“, се наведува во извештајот.

Во извештајот се тврди дека речиси целото затоплување што се случило од прединдустрискиот период е предизвикано од ослободување на гасови што ја задржуваат топлината, како што се јаглерод диоксид и метан. Најголем дел од ова е резултат на согорување на фосилни горива – јаглен, нафта, дрво и природен гас.

Научниците велат дека само мал дел од порастот на температурата забележан од 19 век може да е резултат на природни фактори.

Во извештајот, во чија подготовка учествувале повеќе од 200 автори, се разгледани пет сценарија, а заклучокот е дека за 10 години ќе се надмине температурата што светските лидери ја поставија како цел во рамките на Парискиот климатски договор.

Во извештајот од 3.000 страници се заклучува дека топењето на мразот и зголемувањето на нивото на морето веќе се забрзуваат и дека се очекува влошување и се понеповолни временски настани, од бури до топлотни бранови.

5 клучни работи од извештајот:

Предвидено е да го надминеме затоплувањето од 1,5 степени Целзиусови до 2040 година;

Човечката активност води кон екстремни временски услови;

Се знае повеќе за регионалните влијанија врз климата;

Поблиску сме до неповратни промени;

Емисиите на метан се важен лост.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи