На 08.08.2021 во рамки на зајакнатата акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 330 возачи.
Од нив, 33 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.