Европската унија оваа недела нема да го менува списокот на земји кои се безбедни за патување врз основа на епидемиолошката соостојба.
Листата во моментов вклучува околу 20 земји, вклучувајќи ги САД, Јапонија и Австралија, кои се сметаат за безбедни од здравствена гледна точка.
Списокот ќе се преиспита за две недели, а можно е и порано, во случај да се промени ситуацијата со ковид-19, велат претставници на ЕУ.
Македонија, заедно со Србија и Албанија уште од крајот на јуни се на листата на безбедни земји за ковид-19 од кои може слободно да се патува во ЕУ.