Иконата на Барселона, Меси отпатува за Париз да го потпише договорот со ПСЖ


Иконата на Барселона, Лионел Меси попладнево со своето семејство од аеродромот „Ел Прат“, каде бил и таткото на Меси, се упати за Париз.

Како што известува Фабрицио Романо на својот Твитер профил, Меси во новата сезона ќе го облече дресот на ПСЖ. Најавите се дека во Париз ќе биде во 15:00 часот, ќе следуваат лекарски прегледи, а утре се очекува промоцијата.

Изворот вели дека Меси потпиша договор со ПСЖ во траење од 2 години за плата од 35 милиони евра на годишно ниво. Има и клаузула во која се вели дека соработката може да биде продолжена за уште една сезона, односно до 2024-та година.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи