Со оглед на актуелната ситуација со коронавирусот во Македонија и воведувањето на последните рестриктивни мерки, организаторите на Плетвар Аутдоор Фестивал 2021 известуваат дека фестивалот е привремено одложен.
„Почитувани пријатели, љубители на природата, забавата и спортот!
Ве известуваме дека поради ново настанатата ситуацијa и новите воспоставени рестриктивни мерки во нашата држава, Плетвар Аутдоор Фестивал 2021 ќе биде ПРИВРЕМЕНО OДЛОЖЕН!
Наша најважна должност и приоритет е пред се вашето здравје. Поради тоа во овој момент целосно ќе и се посветиме и помогниме на природата и максимално ќе се придржуваме до рестриктивните мерки со цел што поскоро да се дружиме заедно, да создаваме спомени и приказна која ќе трае.
Ви благодариме на разбирањето и поддршката.
До следниот датум,
Тимот на Плетвар Аутдоор Фестивал“, стои во соопштението на организаторите.