Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер со поддршка напиша дека Македонија не е сама во борбата против пожарите.
„Храбро, Македонија. Вие не сте сами во борбата против огнот“, напиша Јанша.
Словенечките пожарникари беа меѓу првите странски екипи кои пристигнаа во земјава.
Противпожарниот тим од Словениј брои 45 лица, медицинска екипа, 11 противпожарни и транспортни возила и специјализирани екипи опремени со сите можни ресурси.
Храбро, Македонија. Вие не сте сами во борбата против огнот. 🇸🇮 🇲🇰 🇪🇺 https://t.co/PYsxqxCvWk
— Janez Janša (@JJansaSDS) August 10, 2021