Едит Марвеј – Траина, која има 100 години, е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстар кревач на тегови во светот. Во теретана се запишала кога имала 91 година.
Едит успева да крене меѓу 20 и 45 килограми.
„Додека ги гледав тие дами како тренираат, мислев дека можам да кренам тегови и го направив тоа. Колку почесто доаѓав во теретана, толку повеќе ми се допаѓаше тоа што го правев. Наскоро станав дел од тимот“, вели Едит.
Едит вели дека добила толку многу трофеи што во еден момент немала доволно простор за нив во нејзиниот дом.
Навистина инспиративна супер бабичка.