Пожарите беснеат веќе десетти ден на повеќе места во Македонија, а за што побргу да се изгаснe огнот, македонските пилоти, но и од други држави, се обидуваат да наполнат вода од најблиската локација до пожарот.
Денеска армиските хеликоптери полнат вода од реката Вардар во реонот меѓу Карпош 4 и Влае за да го гаснат пожарот во Сарај.
Според информациите на командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковник Стојко Пејовски, заклучно со вчерашниот ден, реализирани се огромен број летови, како на домашните, така и на странските хеликоптери и авиони вклучени во гаснењето на пожарите, при што се исфрлени 850 тони вода.
Soldiers, Police, Firefighters, Health care workers, Store sellers are the Heroes of our time. 🚑🚒🚓
Video: Skopjeinfo.mk
Posted by Blerim Ismaili on Среда, 11 август 2021