На социјалните мрежи јавноста со негативни реакции за организирањето на прославата за Охридскиот рамковен договор чиј организатор е Министерството за политички систем и односи меѓу заеднициите чиј министер е Артан Груби. Тој изјави дека не ја разбира масовната хистерија бидејќи настанот ќе биде организиран според сите ковид протоколи.
„Централниот настан во Александар Палас на 13 август ќе биде во сала која собира 1500 луѓе а ќе присуствуваат не повеќе од 200 луѓе кои што ќе носат маски, ќе бидат повеќе од 1.5 метар разделечени, ќе им се мери температура пред влезот, па затоа не ја разбирам оваа масовна хистерија по социјалните мрежи, се надевам дека не се донесува на Охридскиот рамковен договор и на неговата имплементација туку е навистина загриженост. Согласно програмата за одбележување на Охридскиот рамковен договор предвиден беше огромен концерт на плоштадот Мкаедонија вечерта на 13-ти Август но решивме ние како министерство да го одложиме, да не го одржиме“, рече Груби.