Исплатени 617,6 милиони денари за обележани грла говеда, кози и женски јагниња


На 11,785 фармери кои имаат обележани грла говеда, кози и кои задржале женско јагне им се исплатени 617,6 милиони денари за субвенции, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

„Во наредните денови се очекува да се исплатат субвенциите за засеани површини со сертифициран семенски материјал, а ќе следи и исплата на сите кои ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка за мерка 2.17 директни плаќања за регистрирано презимено пчелино семејство. Во текот на наредната недела продолжува обработката на барањата за произведено и предадено млеко, по што сите кои ги исполниле условите ќе им биде исплатена финансиската поддршка“, вели директорот на агенцијата Никица Бачовски.

Според Агенцијата, политиката на неселективна исплата на субвенции продолжува.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи