Кафе бар во Австрија служи само невакцинирани лица


Низ цела Австрија важи мерката дека во кафе барови и ресторани можат да одат само луѓето кои имаат сертификат за вакцинација, потврда за прележан ковид 19 или негативен тест.

На оваа мерка противречи кафе барот „Штробл“ во провинцијата Салцбург кој одлучи да служи само невакцинирани лица.

Кој сака да дојде во ова кафуле не смее да биде вакциниран.

Градоначалникот Јозеф Вајкингер и порачал на сопственичката на кафе барот убаво да размисли за себе и за здравјето на своите гости истакнувајќи дека не е воодушевен од однесувањето на својата сограѓанка, но дека нејзината постапка не е незаконска.

Австриските медиуми известуваат дека вакцинацијата против коронавирус предизвикала значителен раздор во многу општества, вклучувајќи ја и Австрија, каде што поделбата на вакцинирани и невакцинирани и сè почесто спомнуваните привилегии за вакцинираните лица придонеле за зголемениот број екстремни однесувања.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи