623 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за превенирање и гасење на пожарите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 10.08.2021 до 07.00 часот денеска (11.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 650 полициски службеници, меѓу кои и припадници на сите специјални единици на полицијата, реализирани се 221 мото-патроли и користени 163 возила.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.

Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец. Потсетуваме дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици. Укажуваме дека е неопходна максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи