Проблеми со пописот, второ продолжување на конкурсот за попишувачи

Facebook
Twitter
Email
Print


Јавниот конкурс на Државниот завод за статистика за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите требаше да заврши денеска.

Конкурсот беше отворен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август.

Конкурсот ќе биде продолжен по вторпат, бидејќи бројката на пријавени не е задоволителна, вели за „Вечер“, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

„Бројката на пријавени попишувачи не е задоволителна, апликацијата ќе стои отворена. Најмногу попишувачи фалат во скопските општини, во општините со албанско население- Гостивар, Тетово, Кичево. Малку пријавени има и во Охрид, Струмица и Ново Село. Сметаме дека тоа се должи на летните одмори и на тоа што луѓето по цел ден се по земјоделски работи. Ќе продолжиме со повиците и на локално ниво, поставуваме огласи и на стамбените згради и се надеваме дека ќе дојдеме до потребната бројка“, вели Симовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи