ПСЖ за 7 минути продаде 150 илјади дресови со името на Меси


Лионел Меси по 21 година замина од Барселона и следните две сезони ќе го носи дресот на Пари Сен Жермен.

Клубот од Франција го доведе најголемото засилување во клупската историја, а тоа разбуди голема возбуда и еуфорија кај навивачите.

Доказ за големата еуфорија е продажбата на дресови. Прв пат, дресот со број 30 од Меси се појави во продажба во вторник во 23:00 часот, а за само седум минути се продаде целосната достапна количина од 150.000. Вкупната придобивка е меѓу 16 и 20 милиони евра, а ПСЖ заедно со компанијата „Најк“ подели и ќе продолжи да дели големи суми.

Уште синоќа на интернет-страницата на ПСЖ и официјалниот фан-шоп експресно се распродадоа сите дресови, ама од утринава пред клупскиот шоп има огромна редица на навивачи кои чекаат да платат 110 евра за дресот, а вработените во клупската продавница едноставно не може да постигнат со печатење на бројот 30 на дресовите со името на Меси.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи