Зголемен бројот на туристите и на ноќевањата

Facebook
Twitter
Email
Print

Во периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на истиот период  претходната година, бројот на туристите е зголемен за 42,5 отсто, додека бројот на ноќевањата за 54 проценти.

Според Државниот завод за статистика, кај домашните туристи во овој споредбен период има зголемување за 97,8 отсто, а кај странските за 8,3 проценти. Во однос на ноќевањата, зголемувањето кај домашните туристи е за 87,2 отсто, а кај странските за 27,9 проценти.

Бројот на туристите во јуни 2021 година изнесувал 47 167 и од нив 47,2 отсто биле домашни туристи, а 52,8 странски. Бројот на ноќевањата, пак, изнесувал 117 701 и од нив 52,6 проценти биле од домашните, додека 47,4 од странските туристи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи