МНР: Македонските граѓани да не патуваат во Авганистан, а тие што се таму да се вратат


Заради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Исламската Република Авганистан, Министерството за надворешни работи на Република Македонија препорачува на сите граѓани на Република Македонија да не патуваат во Авганистан, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност да заминат во најскоро можно време.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732.

По офанзивата на талибанците многу земји ги повикаа своите државјани да го напуштат Авганистан.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи