Според досегашните податоци, само во пет македонски градови нема евидентирано ниту еден активен случај на заразено лице со коронавирусот.
На таа листа се наоѓаат Кратово, Дојран, Богданци, Крушево и Демир Хисар.
Најмногу активни случаи има во Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово. Овие градови бележат голем број на заразени лица во сите досегашни „бранови“ на пандемијата.