Јули 2021 е најтоплиот измерен месец oткако се мери температурата


Јули бил најтополи месец откако се мери просечната температура на Земјата, објави Американската национална администрација за океани и атмосфера. Мерењето на температурата се води веќе 142 години.

Агенцијата денеска соопшти дека минатиот месец просечната температура на копното и површината на океаните во светот била 0,01 °C повисока отколку во претходниот најтопол јули – во 2016 година.

„Јули е генерално најтоплиот во годината, но јули 2021 година се надмина себеси, стана најтоплиот јули и месец што некогаш е регистриран“, наведе Рик Спинрад, директор на одделот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи