Филипче: Разочаран сум, протестот беше полн со навреди и закани за здравствените работници


Во однос на вчерашниот протест против новите мерки кој се одржа пред Собранието, министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција посочи дека никој никого не присилува на вакцинација и е разочаран од протестот кој беше полн со навреди и закани за здравствените работници.

„Во однос на протестот, мора да кажам дека сум разочаран поради тоа што не слушнавме никаква реторика или порака во однос на вакцините. За жал тоа беше протест кој што беше полн со навреди, закани за здравствените работници, тие кои што ги ризикуваа и нивните животи и животите на нивните семејства“, порача Филипче.

Тој рече дека ќе побара од Лекарска комора на Република Северна Македонија, да излезе со став за она што вчера се случи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи