Државната изборна комисија (ДИК) денеска го усвои Предлог стратешкиот план за информатичка технологија, односно одлуките за доделување парични средства за општинските изборни комиси за организирање на локалните избори на 17 октомври годинава и за заштита од Ковид-19.
Воедно, денеска членовите на ДИК, едногласно одлучија од утре да биде пуштена во употреба новата веб страна на Државната изборна комисија.
Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, во својот говор по однос на потребата за усвојување на Акцискиот план за ИКТ стратегијата на ДИК за периоодт 2021-2024 година, истакна дека е најважно формирање на координативно тело за ИКТ стратегија и безбедносни прашања.
„Задачите на ова координативно тело се организација не меѓуинституционална комуникација, заедничка процена на ризиците и можните ризични сценарија, координација на комуникација со јавноста и обезбедување информации за гласачите, креирање механизам за прeвенција и реакција врз основа на препознаени ризици, обезбедување на независна ревизија на имплементирање на безбедносни мерки од страна на ДИК и спроведување на заеднички вежби“, рече Шеху.
Се предлага да бидат вклучени претставници од Министерството за внатрешни работи, од Секторот за сајбер криминал, претставници од Агенцијата за заштита на личните податоци, претставник од интернет сервис, раководителот на ИТ секторот на ДИК, претставник на ДИК од односи со јавноста, претставници од факултетите за компјутерски науки и независни експерти од областа, додаде Шеху.
На седницата ДИК исто така ја усвои Предлог одлуката за доделување средства на општинските изборни комисии за спроведување избори за членови на советите на општините, на советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје на 17 октомври годинава.
„Вкупниот износ што ќе им се додели на општинските изборни комисии е 2.335.000 денари. Износот ќе се дели врз основа на тоа колку избирачки места има. На Општинска изборна комисија Аеродром со 90 избирачки одбори ќе им бидат додели 40.000 денари, Арачиново со 13 избирачки одбори 13.000 денари, Берово 20.000 денари, Битола која има најмногу избирачки одбори, вкупно 170 ќе им доделиме 50.000 денари и т.н“, рече Шеху.
Новата веб страна на ДИК ќе биде во функција од утре. Таа е дел од проектот за поддршка на изборни реформи на Швајцарската амбасада, односно Швајцарска агенција за развој и соработка.
„Новата веб страна ќе има поденоставен приказ на содржините што ќе бидат систематизирани во неколку области и тоа дел за гласачите, за учесниците во изборниот процес, за медиумите и дел за изборните органи. Дизајнот е едноставен и лесно пристаплив кој ќе овозможи брз и едноставен пристап на сите заитересирани околу изборниот процес. Интересна новина што го воведуваме за прв пат е календар за активности каде што на секој датум има ставено наши обврски согласно роковникот за спроведување на Локалните избори 2021 година. Особено важност на оваа веб страна е тоа што истата ќе биде приспособена за гласачите со попреченост, односно страна ќе има дополнителни пристапни алатки кој ќе олеснат пристапот и прегледот на содржните на овие лица“, рече членот на ДИК Бобан Стојаноски.
Извор: МИА