Катарскиот меѓународен аеродром Хамад во Доха ја освои престижната титула најдобар аеродром во светот на годишните награди Skytrax за светски аеродром.
Аеродромот Хамад е отворен во 2014 година со амбиција градот Доха да го претвори во глобален аеродром кој ги опслужува Qatar Airways, но аеродромот сега опслужува повеќе од 30 милиони патници годишно.
Архитектурата ја одразува крајбрежната традиција со својот дизајн на бранови од ѕид до ѕид. Соседната џамија потсетува на огромна сина капка вода.
Листата на најдобрите 10 аеродроми за 2021 година изгледа вака:
- Меѓународен аеродром Hamad (Доха, Катар)
- Аеродром Haneda (Токио, Јапонија)
- Аеродром Changi (Сингапур)
- Меѓународен аеродром Incheon (Инчион, Јужна Кореја)
- Аеродром Narita (Токио, Јапонија)
- Меѓународен аеродром München (Минхен, Германија)
- Аеродром Zürich (Цирих, Швајцарија)
- Аеродром Heathrow (Лондон, Англија)
- Меѓународен аеродром Kansai (Осака, Јапонија)
- Меѓународен аеродром Хонг Конг.