Денеска во 10 часот на улица Неретва во Марино маало се запали куќа. На терен пристигнаа повеќе противпожарни возила кои се обидуваат да го изгаснат огнот кој се уште гори.
Кровот на куќата е целосно изгорен.
Околните куќи не се зафатени од пожарот. Во непосредна близина се наоѓа и најголемата трафостаница на ЕВН во Прилеп.
Според првичните информации, освен голема материјална штета, нема човечки жртви.