Филипче: Децата ќе бидат ослободени од задолжителен ПЦР тест за влез во Македонија


Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното гостувањето на ТВ Сител рече дека децата ќе бидат ослободени од задолжителен ПЦР тест за влез во Македонија.

„Потребите за вакцинација е насочена кон полнолетните граѓани, над 18 години. Сметам дека мерките и досега дадоа резултат. Гледаме дека изминатата недела, откако беа најавени, зборувам за овие коишто се денеска се во сила, значајно се зголеми интересот за вакцина. Во еден момент достигнавме и до 8-9.000 граѓани кои се пријавија и се вакцинираа во текот на еден ден. Минатата недела се дадоа околу 50.000 дози. Значајно се зголеми опфатот на вакцинација“, рече Филипче.

Досега околу 4.000 деца на возраст од 12 до 16 години се вакцинирани против вирусот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи