МВР издава ливчиња со датум на подигање, но не печати нови лични карти. Пратениците си заминаа на одмор, не го изгласаа новиот Закон за лични карти, кој е со Република Северна Македонија и со опција за двојазичност, според Законот за употреба на јазиците.
Овој проблем ги блокираше сметките пред банките на повеќе од 30.000 граѓани. Банките не им ги признаваат ливчињата од МВР бидејќи се навлиден документ, па така и по 3 месеци пензионери не можат да си ја подигнат пензијата во готовина. Најмногу претставки стасале до народниот прaвобранител. Оттаму ја информирале владата но одговор нема.