Заев: Се бара решение за граѓаните со истечена лична карта, 40 илјади луѓе имаат проблем


На вчерашната владина седница ги задолживме економските ресори да се изнајдат начини за да се стави целосно во функција животот на граѓаните на кои им е истечена личната карта или вадат лична карта по првпат. Верувам дека ќе најдеме решенија во најбрз можен рок и јавно ќе ги соопштиме, порача денеска премиерот Зоран Заев.

„Законот за лични карти е блокиран затоа што последните измени, кои беа на предлог на БЕСА со одложено дејство до 2023 година, се блокирани од Левица.

Ние сме демократија и еве партија со два пратеника може да ги блокира процесите заради тоа што законите и Деловникот на Собранието тоа го дозволуваат.

Овие денови сме принудени да бараме решение за сите оние граѓани апликанти за нова лична карта заради истечена или за првпат добивање лична карта или слично. Бројката е околу 40.000“, рече Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи