Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не се размислува да се одложи стартот на Пописот на населението, домаќинствата и становите.
„Пописот е веќе договорен по барање на сериозен учесник во нашето општество, тоа е најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Толеранцијата е доблест на владејачките партии, на чело со СДСМ тоа го прифатија и го одложивме пописот што ќе се спроведе од 5 септември до 30 септември“, изјави Заев
Заев потенцира дека од 25.000 до 45.000 денари е приходот за попишувачите, за 25 дена анкетирање. Потсети дека деталите веќе ги кажа директорот на Заводот за статистика.
„Пописот, не само што не смееме да размислуваме за одложување, тоа е наша обврска, наша должност. Сите сме заедно во оваа работа. Еве и опозицијата со своите барања, прифатена, вградена внатре, сите да спроведеме попис заради тоа што тоа е статистичка операција која е насушно потребна за сите наши економски планови и предвизвици кои ги имаме пред нас. И конечно по 20 години да ја спроведеме како статистичка операција“, изјави Заев.