Притвор за жител на с. Дебреште поради сомнение за разбојништво


На 16.08.2021 година, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.А.(34) од с. Дебреште, општина Долнени и против него до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.

Пријавениот, на 16.08.2021 во 03.50 часот во куќата на С.Р.(55) во с. Дебреште од неговата снаа со закана одзел златен накит и пари. Од судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи