Шекеринска доби медал за заслуги од Националната гарда на Вермонт

Facebook
Twitter
Email
Print


На Денот на Армијата на Република Македонија, 18 Август, министерката Радмила Шекеринска доби медал за посебни достигнувања од командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

„Шекеринска имаше витална улога во поддршката и развојот на државната програма за партнерство со Националната гарда на Вермонт. Нејзиниот континуиран ентузијазам во партнерството доведе до забележителни успеси во односите. Нејзиното исклучително лидерство, јасни намери и динамичен ангажман служи како пример за целата програма на државното партнерство”, е пораката од Вермонт.

Шекеринска преку социјалната мрежа Фејсбук се заблагодари на медалот.

„Медалот за посебни достигнувања што ми го доделивте денес на Денот на Армијата, го посветувам на сите граѓани на мојата земја. Моите заслуги се и нивни заслуги“, напиша Шекеринска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи