541 полициски службеник ангажирани за превенирање и гасење на пожарите

Facebook
Twitter
Email
Print


Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 17.08.2021 до 07.00 часот денеска (18.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 541 полициски службеник, реализирани се 214 мото-патроли, а користени 156  моторни возила. На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.

Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи