Продолжува зголемувањето на бројот на новозаразени, кој веќе два дена надминува 1000 лица на ден. Расте бројот и на починати како компликација од вирусот.
Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека онаму каде има повисок опфат со вакцинација од близу 50 % засега нема притисок. Градови со висок процент на вакцинирани се градовите Битола, Охрид и Штип.
„Од 50-тина случаи на кои е направен скрининг во изминатите денови, две третини отпаѓаат на делта сојот, а една третина на британскиот сој што значи дека овој сој е подоминантен и следиме како се одвива епидемиолошката крива “, изјави Филипче.
Досега, во Македонија вкупно се аплицирани 1.097.855 дози вакцини, а ревакцинирани се 485.464 граѓани.