Позитивните на брзите Ковид-19 тестови од аптеките не се контролираат, немаат решение за изолација

Facebook
Twitter
Email
Print


Граѓаните кои добиле позитивен резултат на брзите тестови за коронавирус кои се купуваат во аптеките, доколку не направат ПЦР тест или брз тест преку сертифицираните лаборатории низ државата, не добиваат решение за изолација.

Од Министерството за здравство (МЗ) велат дека е потребно дополнително да се потврди резултатот во сертифицираните лаборатории.

Реакциите од граѓаните се дека нема доволно термини за тестирање.

Од МЗ за Радио МОФ велат дека е потребно граѓаните да се одговорни и во процесот на тестирање, бидејќи така ќе го заштитат сопственото здравје, здравјето на своите најблиски, како и здравјето на пошироката популација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи