После воведувањето на новите мерки од страна на Владата Во Прилеп се зголемува бројот на граѓани кои се вакцинираат, но иисто така деновиве иима и благо згоемување на хоспитализирани лица од Ковид 19. До денес во Прилеп биле вакцинирани 38.000 граѓани, од кои 20.000 со двете дози.
„Видно е зголемувањето на интересот на граѓаните после воведувањето на новите мерки кои вклучуваат присуство во ресторани и кафулиња, претежно од страна на помладата популација. Секој ден имаме по околу 1.000 до 1.100 граѓани кои доаѓаат до нашиот пункт од кои 500 се со втора доза, а над 500 граѓани, еве вчера имавме 570 со прва доза“, вели Кети Смилеска, директорка на општа болница Прилеп.
И дел од граѓаните, особено помладите признаваат дека неможноста да се влезе во кафеани и ресторани е главна приичина за зголемувањето на бројот на заинтересирани грраѓани кои се вакцинираат овие денови.
„Прв пат се вакцинирам.
Што ве натера да се вакцинирате?
Па сите се вакцинираат, па ајде и јас.
Колкава е заинтересираноста кај младите?
Слаба е, повеќето се вакцинираат за да можат да влезат во кафулињата“, вели еден млад граѓанин.
„Најмногу мерките придонесуваат за зголемување на вакцинацијата, но и треба да ни биде обврска на сите да се вакцинираме.
Која е вашата порака како млад човек до вашата генерација?
Кој како верува и како мисли така да пострапи“, додаде друга млада граѓанка.
„Што беше пресудно да одлучите да се вакцинирате?
Ами што знам што беше, ајде почекувавме да видиме што ќе биде како ќе биде со вакциниве“, рече една постара граѓанка.
„Досега зошто чекавте?
Па незнам, таму во селото кај нас никој не доаѓаше и не немавме ниту мака“, кажа друг граѓанин.
Во моментов 18 граѓани се хоспитализирани во модуларната болница, од кои 16 се на кислородна поддршка. Никој од нив не е вакциниран, но деновиве во Прилеп бил регистриран и првиот случај на заболување од Ковид 19 и покрај примени две дози на вакцината.
„Досега имавме 3-јца пациенти кои беа вакцинирани делумно, кој со прва, кој со втора доза но немаше поминат одреден период од 14 дена од приемот на втората доза и имавме такви граѓани до двете дози кои беа вакцинирани, но вчера имавме пацииент, не е хоспитализиран и нема симптоми, но е позитивен на Ковид 19 со примени на 2 дози на вакцина и поминат оној период од 14 дена“, додаде Кети Смилеска, директорка на општа болница Прилеп.
Досега во Прилеп со Ковид 19 се заразииле 8.443, граѓани а во моментов активни се 102 случаи.