Се реконструира патната делница од „Лукоил“ до „Ленишки мост“

Покрај изградбата и реконструкцијата на патната мрежа во Прилеп и населените места, во тек се засилени градежни активности на дел од регионалните и магистралните патишта, објави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
„Паралелно со изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, започна и санацијата на коловозот од бензинската пумпа на „Лукоил“ до „Ленишки мост“, во должина од 2.2 км и широчина од 7 метра, како дел од проектот за рехабилитација на патниот правец Фариш-Прилеп.
Изведувач на работите е ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“, а средствата се обезбедени преку Годишната програма на ЈП за државни патишта“, напиша Јованоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи