Хелен Дорон – уникатна методологија за учење на англиски јазик и стимулација на детскиот интелектуален развој


Хелен Дорон Прилеп оваа година одбележува 5 години од своето постоење. Тоа е глобална франшиза која егзистира веќе 35 години и е застапена во над 40 држави. Хелен Дорон е уникатна методологија за учење на англискиот јазик и стимулација на детскиот интелектуален развој. Сите оние кои биле дел од Хелен Дорон имаат подобар развој, повеќе самодоверба, самопочитување, поголема толеранција и подобри изгледи за вработување. Повеќе околу тоа што всушност претставува овој уникатен метод на едукација поразговаравме со Маја Москов, франшизер за Хелен Дорон во Прилеп, кој што е дел од Хелен Дорон Македонија.

Што претставува Хелен Дорон и во што се состои неговата посебност и уникатност?

Helen Doron English e глобална франшиза која постои веќе 35 години и е застапена во над 40 држави, на 4 континенти ширум светот, со над 2 милиони едуцирани деца досега. Оваа франшиза нуди посебна и уникатна методологија за учење на англиски јазик и стимулација на детскиот интелектуален развој. Успехот на оваа франшиза се должи на совршено развиената методологија и систем на едуцирање на децата преку која се стекнуваат со знаење и вештини на еден природен и спонтан начин, кој децата го обожаваат и развиваат љубов кон учењето. Исто така важен момент за успехот на оваа франшиза е и одлично изградениот концепт на обуки, менторирање и подготовки на учителите кои се вклучени во целиот процес, контролата на квалитетот, унифицираните стандарди за квалитет, како и специјално дизајнираните учебни материјали како за учениците, така и за учителите.

Зошто овој метод на работа е уникатен и поразличен од останатите?

Хелен Дорон методот е уникатен метод преку кој децата го изучуваат англискиот јазик како мајчин јазик, не како втор странски јазик. Тоа прави огромна разлика, бидејќи на ваков начин децата го совладуваат јазикот на природен начин, лесно и спонтано, немаат проблем слободно и течно да се изразуваат на англиски јазик, самодовербата во изразувањето и комуникацијата им е на многу високо ниво, а акцентот им е автентичен.

Што е клучот за успешноста на овој метод?

Positive reinforcement или позитивен одговор (реакција) е еден од клучните елементи во светски докажаниот Хелен Дорон English метод на учење. Во Хелен Дорон нема погрешни одговори, ниту пак се користи зборот НЕ од страна на специјално обучените Хелен Дорон учители. Преку посебни техники и пристапи на часовите се создава позитивна и забавна средина, каде што децата стекнуваат самодоверба и сигурност слободно да се изразуваат и комуницираат на англиски јазик. Учителите се фокусирани да го забележат, пофалат и стимулираат и најмалиот успех на децата со што ги мотивираат уште повеќе да зборуваат и веруваат во себе и да го реализираат својот огромен потенцијал. Препознавањето и на најмалиот успех ги мотивира учениците, а мотивацијата ги води кон поголем успех. Тоа е еден магичен круг на позитивен пристап кој делува неверојатно врз емоционалниот развој на децата, нивната самодоверба како и во развивање на љубовта кон учењето и кон зборувањето на јазикот.Секој родител може да ја примени оваа техника за да стимулира позитивен социо-емоционален и интелектуален развој на своето дете.

Која е најголемата придобивка од изучувањето на англискиот јазик по Хелен Дорон метод?

Нашите студенти имаат подобар развој, повеќе самодоверба, самопочитување, поголема толеранција и подобри изгледи за вработување, бидејќи познавањето на два јазика воедно значи и познавање на две култури (посебно ако детето почнува да ги учи рано).

Целта на модерното образование не е само стекнување со академско знаење и учење на информации. Во свет на брз технолошки развој и лесна достапност на информации луѓето ќе се делат и разликуваат по вредностите и вештините кои ги имаат. Вештини како логичко размислување, брзо донесување на одлуки, самодоверба, говорни вештини, емоционална стабилност, креативност и вредности како емпатија, толеранција, отвореност према разликите ќе им бидат клуч за успех на нашите деца во иднина.

Ние во Хелен Дорон сме свесни дека современото образование во 21-от век мора да ги содржи сите овие елементи за да може да се постигнат резултати кај денешните деца и истите да се подготват за иднината. Длабоко веруваме дека со квалитетна едукација го менуваме животот на децата и им овозможуваме поквалитетна иднина.

Колку е важно да се вложува во едукацијата на младите уште од нивната најмала возраст за да тоа понатаму се рефлектира во нивниот успех?

Просперитетот на една земја започнува со вложување во раното детство. Направивме огромна промена во свесноста кај родителите за важноста на раната едукација кај децата, но и за тоа дека децата заслужуваат квалитетна едукација и сосема различен пристап на учење. Успеавме со квалитет, високи стандарди и метод кој дава резултати. Денес сум горда што сум дел од Хелен Дорон франшизата, што се препознава квалитетот во нашиот град и во цела земја, што сме во чекор со останатите земји и начинот на кој таму децата се едуцираат, размислуваат и се развиваат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи