„Украсуваме македонска поезија“ беше насловот на креативната работилница наменета за младинци која вечерва се одржа во домот за култура „Марко Цепенков“, а во состав на мултимедијалниот фестивал „Цело е кога се има 30“. Работилницата ја водеше професорката по македонски јазик Јулијана Талеска, а на неа учествуваа ученци од 6 до 9 одделение. Целта беше според претходно зададени песни од наши автори, учениците од нив да издвојат реченици или зборови и да состават своја творба.
„Избрани се околу 25 поетски творби од македонски автори, но и автори од заедниците кои што творат на македонски јазик. Особено важно беше да се истакне нивната заложба во нашата земја како мултиетничка. Обрав една техника што се вика блекаут, за на учениците да им биде полесно да ја направат самата своја творба, знаеме денес колку малку обрнуваме внимание на литературата, особено на поезијата, па затоа класичниот пристап не функционира кај овие генерации, потребни се некои интерактивни методи, па затоа блекаутот е нешто што веќе го имам испробано во училница и многу функционира. На работилницата учениците читаат малку поезија, потоа ја украсуваат таа поезија, избираат одредени делови од неа и создаваат нови творби кои се нивни лични и верувам дека и се забавуваат. Имаме испечатено песни од поети, користат зборови од самите песни и создаваат нешто ново, своја песна, може да биде стих, една реченица, може да биде дури и еден збор, тоа е на нивната слобода и тоа го илустрираат подоцна“, истакна Јулијана Талеска, професорка по македонски јазик.
На работилницата имаше и разни игри креативни игри, читање на поезија, како и презентација и запишување на омилените стихови од песните. Учесниците на истата беа задоволни од постигнатото.
„ Ја обработував песната „Совесната ајкула“ од Румена Бужаровска, многу ми се допадна како песна, а мислам и дека интересно ја изработив со чкртање, со блекаут техника
Што се доби со таа техника на крајот од песната?
„Уметничко дело кое звучии вака : Морето ширно реши чесно злосторство на мајка млада, а таа со очај и млада, правична и совесна, ама расте ајкули. Баш лута, пркосно бута, предаторка сама и тажна, оти смрди знаете“, рече Сара Нинеска, учесник на работилницата.
„Поточно овде беше за да ја украсиме со блекаут поезија, беше интересно искрено бидејќи со вирусов не можевме да се видиме со наставниците, онлајн работевме, го работевме и на онлајн часот, но и вака беше искрено интересно.
Во што се состоеше целата работилница, што требаше да направите?
Па прво наставничката ни доделуваше песни и тие што сакаа ја рецитираа, а после некој стих што многу ни остави впечаток требаше да го напишеме на оние листови, а потоа требаше да ја украсиме, некои зборови требаше да ги заокружиме и тие да составуваат реченица“, кажа Лаура Кичаноска, учесник на работилницата.
На сите учесници им беше доделен и сертификат за учество на работилницата.