На прес конференцијата на која беше презентирана новата кампања на Владата за вакцинација, „За моментите на среќа, вакцинирај се“ премиерот Зоран Заев порача дека сите мора да разбереме дека вакцините се единствениот спас од тешки форми на болеста и смртен исход од вирусот.
„Се наоѓаме во критична фаза наметната од мутациите на коронавирусот. Овие мутации заедно со четвриот бран во кој се наоѓаме и антиваксерското дезинформирање на населението, недвосмислено ја укажуваат потребата од масовно, точно информриање за вакцинирањето. Тоа е пред се наша одговорност“, рече Заев.
Заев вели дека граѓаните мора да имаат точни и стручни информации за да се запре прогресот на пандемијата.
„Новите мерки што ги донесе владата даваат ефекти, погледнете ги бројките од кога се мерките, имаме над 1.160.000 дози кои се аплицирани досега“, истакна Заев.
Истовремено, тој упати порака до антиваксерите.
„Протестот е уставно загaрантирано правo, истo така тоа е право на здравје, мерките се ефикасни, а вакцинацијата е единствениот спас“, порача Заев.