ССМ во соработка со „DGB” обезбедува правна помош за македонските работници во Германија

Facebook
Twitter
Email
Print


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во соработка со Германскиот сојуз на синдикати преку проектот „Faire-Mobilitaet”, за работниците кои се заминати на работа или планираат да заминат на работа во Германија, овозможува да добијат бесплатна правна помош и совети за нивните работнички права кои треба да ги имаат при работа во таа земја.

„Согласно информациите кои стигнуваат до ССМ од сѐ поголемиот број на работници кои заминуваат на работа во Германија, како и информациите кои што ги добиваме од колегите од Германскиот сојуз на синдикати – DGB, работниците имаат потреба од синдикална заштита, како и право на бесплатна правна помош, а ССМ како единствен синдикат кој води грижа за македонските работници, како во државата, така и во странство, го овозможува тоа“, стои во соопштението од ССМ.

Информираат дека денеска на оваа тема се одржал и состанок на кој учествувале Барбел Маух од проектната канцеларија на „Faire-Mobilitaet” при „DGB”, Слободан Трендафилов, Шеф на кабинетот на Претседателот на ССМ, Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија и Ирена Ивановска, советник за меѓународни односи во ССМ.

На состанокот било договорено во најскоро време информациите за македонските работници да бидат достапни на веб страните и на македонски јазик со цел навремено и детално информирање за работничките права во Германија.

„Активностите на ССМ продолжуваат со несмалено темпо, соработуваме со нашите колеги од европските држави, со цел нашите работници да ги уживаат истите работнички права како и работниците во ЕУ“, велат од ССМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи