Младинскиот додаток е месечен додаток кој се исплатува од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија на трансакциската сметка на младото лице.
Коалиција на младински организации СЕГА ја спроведува Националната кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“ во периодот од 12 август – 31 декември 2021 година.
Кампањата има за цел информирање на младите и работодавците за корисноста и придобивките од законот за младински додаток и да придонесе кон негова подобра примена.
#coalitionsega #законзамладинскидодаток #правонамладинскидодаток #Youth #Млади #bkm #KCC #infokompas #msp #bintern #necinmk #ozo