На 23.08.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 49 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, 2 возила биле со измината регистрација, 3 возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.