ВИДЕО – „Вариете вечер“ и изложба на Пале во рамки на „Цело е кога се има 30“


Синоќа на летната сцена на Домот за култура Марко Цепенков во Прилеп се одржа „Вариете вечер“ во рамки на фестивалот „Цело е кога се има 30“, на која беа реинтерпретирани 20 песни од титаните на македонската поезија: Блаже Конески, Коста Рацин, Константин Миладинов, Ацо Караманов, Петре М. Андреевски, Богомил Ѓузел, Гане Тодороски, Славко Јанески и други. Рецитирањето на песните беше поддржано со музика. Дел од оваа вариете вечер беа Даниела Иваноска, Димитар Ѓеорѓиевски, Исидор Јованоски и Методија Костоски.

„Опфатени се повеќе автори со различна тематика и со различна интерпретација поддржана со музичка подлога од наш колега музичар“, вели Даниела Иваноска, учесник на вариете вечерта.

 „Вариете вечер иисполнета со иимпровизации, со не само класично рецитирање на песните, исполнето со музика. Различни индивидуални гласовни и вокални промени кои што можам да кажам дека даваат еден поинаков пристап не само за нас кои се осмеливме да го направиме овој чекор, туку и за публиката се надевам“, додаде Исидор Јованоски, учесник на вариете вечерта.

 „Идејата ни беше да ги земеме најпознатите песни и да дадеме ново виидување, ново читање, поинтимно да звучат некои од песните кои што сме биле навикнати да ги слушаме, да звучат силно, а силината ја баравме во емоциите“, истакна Димитар Ѓеорѓиевски, учесник на вариете вечерта.

Во состав на оваа вечер беа изложени и дела на уметницата Павлина Илиеска Пале, дела кои таа ги има работено на големи платна од 2019 до 2021 година. Најчесто работи реализам.

„Претежно е акрил на платно, величина 3 метри на 2,10 или пак 2,70 на 2,10. Мии причинува големо задоволство да прикажам нешто наше, македонско, нешто што го носиме во душата, во срцето, во крвта македонска“, додаде Павлина Илиеска Пале, уметница.

Мултимедијалниот фестивал „Цело е кога се има 30“ се одржува по повод 30 години независност на Македонија. Фестивалот се одржува во Прилеп и Крушево, а ќе трае до 5 септевмри.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи