Предавањата во зимскиот семестар од академската 2021/2022 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје продолжуваат да се одвиваат со комбинирана настава, односно онлајн и со физичко присуство. Ова е заклучок на вонредната седница на ректорската управа.
„Покрај ова, испитната сесија, која е веќе тековна, исто така продолжува комбинирано, односно според одлуката на професорот дали испитот ќе се спроведува онлајн или со физичко присуство, со запазени сите мерки за заштита од ковид-19. Понатаму, беше донесен заклучок за овозможување отворање вакцинален пункт на Универзитетот со цел олеснување на процесот на вакцинација на студентите и кадарот на УКИМ “, информираат од УСС УКИМ.
Во меѓувреме, бараат од Владата да изготви протоколи за високото образование и да ги допрецизираат превентивните препораки и мерки за спречување на ширење на Ковид-19.