Филипче: Во тек е трансплантација на срце и бубрези од починат донор, ја исполнуваме последната желба на пациентката

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил соопшти дека утрово, на клиниките за Кардиохиругија и Урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор.

„По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот и ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 сетина години кои се на дијализа. Почнувајќи од мај 2020 до сега извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега, 1 коскено ткиво. На моите колеги од КАРИЛ, Клиниката за каридохирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за кардиологија, Институтот за тансфузиона медицина и Институтот за радилогија, им посакувам успешна работа. Сочувство до семејството на 42 годишната пациентка и неизмерна благодарност за нивната хуманост и добрина“, напиша Филипче.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи