Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Прва доза вакцина вчера примиле 9.123 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.303 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 1.207.515 дози вакцини, а ревакцинирани се 511.989 граѓани.
Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 69% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 65% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 56% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.