Заев: Не се разговара за карантини или ограничувања, се очекува пад на бројот на новозаразени од ковид-19


Премиерот Зоран Заев денеска рече дека засега не се разговара за специјални карантини или за посебни ограничувања поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава.

„Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме“, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во изградбата на мостот „Љубљанска“.

Во однос на зголемениот број КОВИД случаи, посебно во тетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со хронични болести.

„Тоа што се случува кај нас се случува и во регионот и во светот, и според бројките и според смртноста. Ако повеќе се внимава и ако бидеме поодговорни, ситуацијата ќе биде подобра. Не би сакал да зборувам подетално од тоа што министерот за здравство и Комисијата го кажуваат, но јас како претседател на Владата кој има обврска да ги следи параметрите, би рекол дека е добро што последните денови бројките се стабилизираат во Тетово и Гостивар. Тоа значи дека силата на вирусот се намалува, мерките веројатно давата резултат, а и граѓаните повеќе внимаваат“, нагласи Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи