Фестивалот „Цело е кога се има 30“ вечерва продолжи со проекциија на два документарни филмови во Bros’ Burgers & Bar. Првиот за култната македонска рок група „Мизар“ или насловен како „Мизар: Ѕвезда на надежта“, во режија на Марко Џамбазовски и вториот документарец филм „КЕИФ“ за Македонска Чалгиска Традиција, во режија на Блаже Дулев. Прикажувањето на овие два филмови е во склоп на тематиката на Фестивалот, реактуелизација на нашето културно наследство.
„Во првиот филм се зборува за продукцијата и снимањето на првиот албум на Мизар кој што моментално е еден од култните албуми на македонската музичка сцена и веќе неколку години котира како македонски најдобар албум. Вториот филм „Кеиф“ ја следи историјата и влијанијата на чалгиската музика во Македонија, односно како чалгијата пристигнала во Македонија и како тие влијанија допринеле за развој на македонската чалгиска музика, но исто така и како македоските византиски влијанија влијаеле врз чалгиската музика“, кажа Саша Нацевски, организатор на фестивалот“.
Утре „Цело е кога се има 30“ продолжува со „Младински фестивал на локални изведувачи“ реализиран во соработка со радио емисијата teentopiashow заедно со Теодора Велкоска и Теа Кокондоска.
„На наша чест емисијата teentopiashow која се емитуваше на Радио Пела е дел од овој голем проект, ќе се емитува и на радио, но предноста на оваа наша завршна епизода од цела емисија е што ќе има можност да има и публика, ќе има и млади изведувачи“, вели Теодора Велкоска.
„Значи ќе настапуваат млади артисти од нашиот град, а пред да настапат ќе му правиме мали интервјуа кои биле нивните почетоци и кратки прашања на кои би одговарале“, рече Теа Кокондоска.
Во недела пак исто во Bros’ Burgers & Bar на задоволство на сите ќе се одржи првата градска латино игранка со DJ Дејан PЕТЕ.