Извидниците се приклучија на еко-акцијата на Шаторов Камен: Си ја сакаме и цениме природата


Извидниците од извидничкиот одред Феникс – Прилеп вчера на Шаторов Камен се приклучија на иницијативата на „За Почиста Македонија“, позната како #TrashTour.

„За нас како извидници, односно луѓе кои ја сакаат и ценат природата, шумските предели се богатство, па затоа секогаш се грижиме за нив!

TrashTour продолжува и во другите градови и секако им е потребна нашата и вашата поддршка, токму затоа прклучете се и вие!

Извиднички поздрав, ЗДРАВО!“, порачуваат од Извидничкиот одред Феникс – Прилеп.

„Како и секогаш, ние носиме опрема за чистење (ракавици, ќеси, метли, гребла…) и музика, а вие понесете друштво и желба за промена! Не барајте човек за пример, бидете примерот!

Настанот е организиран во рамки на проектот „ЕКО ТУРНЕЈА Македонија – Не за ѓубре, да за акција“, финансиран од Фондацијата Отворено Општество Македонија“, стои во објавата за настанот на Фејсбук.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи